Македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова и српскиот претседател Александар Вучиќ заеднички ќе го чествуваат 2 Август во манастирот „Свети Прохор Пчински“. Ова денеска го соопшти српскиот претседател кој рече дека имал телефонски разговор со македонската претседателка.
-Претседателката на Северна Македонија се заблагодари за помошта што Србија ја пружи во гаснењето на пожарите, а јас посочив дека важноста на регионалната соработка е во тоа што можеме да си помогнеме на најдобар и најбрз начин. Се договоривме заедно да го посетиме манастирот „Св. Прохор Пчински“ на Илинден, што исто така ќе биде одлична можност за дополнително зајакнување на врските меѓу нашите два народи.Ја искористив приликата да ја поканам мојот почитувана колешка да ја посети Србија, за да конкретизираме некои од плановите кои ќе ја подигнат нашата соработка на повисоко ниво, напиша Вучиќ на Инстаграм.