Темно Режим Светло Режим

Сиљановска-Давкова на средба со претставници на македонската дијаспора: Се работи на формирање Совет за дијаспората

Претседателката, Гордана Сиљановска Давкова ја информира јавноста дека Кабинетот бил во процес на формирање Совет за дијаспора како институционален облик на соработка.

-Како мост и канал за постојана комуникација со дијаспората. Јас, лично, но и мојот Кабинет ви стоиме на располагање за промоција, поврзување, посредување, презентирање, консултирање, информирање, поддржување, интегрирање со домашните субјекти од различен тип и во различни области. Сакам да ја споменам нашата работа на Дигиталниот регистар на најуспешните во дијаспората, како неопходна алатка за поврзување, вмрежување и стратешко вклучување на дијаспората во развојните процеси во татковината. Со неа целиме кон мапирање на научниците и експертите, политичките и бизнис-лидерите, културните и спортските дејци како вреден потенцијал и извор на ум, знаење, вештини и искуство, неопходни за креирањето програми и политики, информира Кабинетот преку соопштение за она што го истакнала претседателката во своето обраќање.

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го врачи признанието, кое во соработка со „Македонија 2025“, се доделува на истакнати личности од дијаспората за нивниот придонес во економскиот развој, здравството, социјалната сфера, образованието, науката, културата и во други области.

За исклучителна научна работа признание доби д-р Светлана Мојсов, светски позната професорка на Универзитетот Рокфелер во Њујорк, која остави длабок и траен белег врз модерната медицина.

Признание за извонредната поддршка и медицинска помош доби Хуманитарното здружение „ЛецКер а.с,б.л.“ (LetzCare a.s.b.l) од Луксембург, а наградата ја прими неговиот претседател Сафет Алили.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Осудениот врховен судија Георгиев се вработи како магационер: Излегува денски, навечер се враќа во затворот

Следниот Пост

Владо Јаневски најавува спектакуларен концерт на 8 август во Охрид