Сиљановска-Давкова телефонски разговараше со Зеленски – му изрази поддршка за крај на војната

126

Македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова денеска имаше кус телефонски разговор со претседателот на Украина, Володимир Зеленски.

Во разговорот претседателот Зеленски ја информирал македонската претседателка за интензивните дипломатски напори насочени кон постигнување на договор за праведен мир во најскоро време.

Сиљановска-Давкова изразила поддршка на напорите за крај на војната.

Украинскиот претседател се заблагодарил за македонската поддршка и најавил одржување на Самит „Украина – Југоисточна Европа“ на лидерите на земјите од регионот.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна вестСДСМ повторно го поднесе Законот за поддршка на настраданите во Кочани
Следна вестМеџити по потпишувањето на договорот со Британија: Ова е историски ден за државата