Повеќе поплавени улици и јавни површини е последица од поројниот дожд кој во периодот од 10.15 па до околу 11.00 часот интензивно врнеше на скопското подрачје. За кусо време се насобраа големи количества вода кои одводните шахти не можеа да ги исцрпат. Најголеми проблеми, според првичните информации, беа создадени на подрачјето на скопската општина Кисела Вода. Жителите на оваа населба на социјалните мрежи, во ФБ-групата „За Расадник на можности, за хуман живот во Кисела Вода“, споделуваа фотографии од своите улици и паркиралишта на кои се гледаа езерца од насобраната вода. Улицата „Георги Димитров“ во најголем дел беше прекриена со вода по која речиси беше невозможно да поминуваат автомобилите.
Се очекува во текот на денот да пристигнат и информации од други населби за проблемите кои ги направија обилните врнежи.