Силно невреме во Скопје – откорнати дрвја, поплавени улици…

Невреме, проследено со обилни врнежи од дожд, силен ветар и грмежи, попладнево околу 15.30 зафати Скопје. Како последица на силниот ветар, во Чаир се забележани неколку откорнати дрвја и искршени гранки. А откорнати дрвја и скрешени гранки имаше и во другите делови од градот.

Неколку улици беа поплавени. Насобраната вода го наполни подвозникот кон населбата Црниче при што беше оневозможен сообраќај. Под вода беше и булеварот „Илинденска“ и други сообраќајници поради што сообраќајот во градот се одвиваше отежнато.

Засега нема информации за причинета материјална штета.

Претходна вестДанела Арсовска: Обединети да кажеме „Не“ за овој недоличен предлог
Следна вестПочината мигрантка пронајдена со уште тројца мигранти во с. Богородица