Силвињо нов селектор на Албанија

Силвио Мендес Кампос Жуниор, во светот на фудбалот познат како Силвињо, е новиот селектор на фудбалска репрезентација на Албанија. Фудбалскиот сојуз на Албанија, во понеделникот соопшти дека Силвињо е назначен на селекторската функција, на местото на Италијанецот Едуардо Раја, кој ја водеше репрезентацијата во изминатите три и пол години.

Силвињо ги избра и своите помошници, и тие се познати имиња во фудбалскиот свет. Станува збор за легендарниот Аргентинец Пабло Хавиер Забалета и Бразилецот Доривал Жуниор.

Договорот со новиот стручен штаб е потпишан на 18 месеци, до крајот на Европското првенство во 2024 година, а како што најавуваат од Фудбалскиот сојуз на Албанија, финансискиот дел на договорот ќе зависи од успехот на репрезентацијата и постигнатите цели.

Главната задача која е поставена пред Силвињо е пласман на ЕП. Во случај таа задача да биде остварена, селекторот и неговите помошници ќе добијат одредени финансиски бонуси.

Силвињо ја започна својата тренерска кариера во 2011 година кога го водеше Крузеиро, а ги водеше и Спорт Ресифе, Наутико, Коринтијанс и Интер, а беше асистент во бразилската репрезентација пред да го преземе Олимпик од Лион, а потоа и Коринтијанс.

Како играч настапуваше за Коринтијанс, Арсенал, Селта, Барселона и Манчестер сити каде ја заврши кариерата. Силвињо и неговиот тим ќе ги потпишат договорите во Тирана на 9. јануари, а истите ќе бидат претставени пред медиумите истиот ден во 11 часот.

Претходна вестНАСА: Да внимаваме, Кина може да присвои делови од Месечината
Следна вестСДСМ: Оваа година нов раст на минималната плата и повисоки пензии