Темно Режим Светло Режим

Симиќ во идеалната петорка на ЕП

Теодор Симиќ, центарот на македонската У-20 репрезентација, се најде во идеалната петорка на Европското првенство Б-дивизија, кое во изминатите две недели се играше во Скопје. Симиќ на турнирот го заврши со речиси дабл-дабл учинок, имаше просек од 16 поени и 9,1 скок. Македонија, синоќа не успеа да ја освои титулата, доживеа пораз во финалето од Чешка. Сепак со пласманот во финалето младите македонски кошаркари изборија место во А-дивизијата.

Покрај Симиќ во идеалната петорка се најдоа Чесите Ондреј Свец и Ондреј Хустак, Швежанецот Феликс Бростом и Олександр Кобзистји од Украина.

За МВП на турнирот е прогласен Ондреј Свец, со просек од 12,1 поен, шест скока, четири асистенции и 1,4 украдени топки.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Русите тврдат дека Украинците го нападнале Кримскиот мост

Следниот Пост

Македонската кошаркарска репрезентација за играчи до 20 години го освои сребрениот медал на Европскиот шампионат