Син ја претепал мајка си во Тетово. Во полиција го пријавила сестра му.
– Вчера, во 14.45 часот, во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 60-годишниот тетовец Д. Б. Тој претходно бил пријавен од 56-годишната сестра дека во семејниот дом физички ја нападнал нивната 79-годишна мајка, информираат од МВР.
Задржан е во Полициската станица Тетово и по документирање на случајот, ќе му биде изготвен законски предвидениот поднесок, соопшти полицијата.