„Ќебап за работникот-бифтек за Владата“, „Работниците се државата“ и „Обединети сме појаки“ се паролите со кои неколку најголеми синдикални организации во Македонија денеска ќе организираат првомајски протести. На протестите синдикалните организации излегуваа одделно но нивните главни барања се речиси идентички – се бара почитување и унапредување на работничките права и враќање на достоинството на работникот.
Протестот на Конфедерацијата на слободни синдикати е планиран од 10 до 12, додека пак на Сојузот на синдикатите на Македонија од 12 до 14 часот. Кодфедерацијата на синдикалните организации соопшти, пак, кажаа дека ќе дадат поддршка и на двата синдикати и ќе протестираат од 10 до 14 часот.
КСС деенскапод паролата „Ќебапче за работникот – бифтек за власта“ ќе запали скара пред Владината зграда, мотивирани од покачените функционерски плати за 78 отсто и најавите за 60 часовна работна недела.
-Во ставот за работничките права сме единствени.Власта си ја покачи 78%, но еве, долги години како што протестираме ние немаме усогласување на платите иако и на нас тоа ни следува со законите. Протестираме и против 60 часовна работна недела затоа што од една страна тоа е неуставно, ги крши конвенциите на меѓународната организација на трудот, вели првиот човек на Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) Благоја Ралповски.
Од Сојузот на синдикати на Македонија ги повикаа работниците, наместо да палат скари, да излезат и да го дигнат гласот за своите права, пред собранието и пред владата под паролата „Работниците се државата“…
-Еден функционер си ја зголеми платата за 2000 денари дневно, додека на работниците не сакаат да им овозможат 2.000 денари месечно и ова треба да биде голем мотив работниците да се придружат масовно на ваквиот протест. Луѓето кои што ќе протестираат ќе се движат пред собранието, каде што ќе упатат сериозни пораки кон пратениците, кон оние кои сакаат на брза рака, шверцерски да променат низа закони, соопштуваат од ССМ..
Според ССМ, првомајскиот протест е единствен начин власта да го слушне гласот на сите, работниците и граѓаните, затоа што продолжува практиката карактеристична за изминатиот период, а тоа е дека работодавачите и носителите на законодавната и извршната власт немаат слух за проблемите на работниците и народот туку единствено и исклучиво работат за своите интереси.