Синодот на Руската православна црква ја призна Македонската православна црква- Охридска Архиепископија

Светиот синод на Руската православна црква на денешната седница ја призна Македонската православна црква – Охридска Архиепископија, како автокефална сестринска црква.

Во објавата се вели дека членовите на Синодот, изразија надеж дека МПЦ – ОА, најмладата во семејството на автокефалните православни цркви, цврсто ќе ја зачува светата православна вера во чистота и интегритет и ќе ја запази верноста на православната канонска традиција.

–Синодот одлучи да му се заблагодари на Господ Бог за решавањето на прашањето за статусот на православната црква во Северна Македонија на канонска основа и да ја признае Македонската православна црква – Охридска Архиепископија, како автокефална сестринска црква, впишувајќи го името на нејзиниот Поглавар, неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски Стефан, во светите диптиси, објави на својата веб страна Руската православна црква.

 

Претходна вестБектеши конечно призна дека арачиновци не плаќале струја, ќе почнеле од понеделник
Следна вестУтре почнува тридневниот книжевен фестивал „Друга приказна“