Синот на Мицкоски матурираше, премиерот му порача дека од октовмри го чекал на Машински

789

Синот на премиерот Христијан Мицкоски ја прослави својата матурска вечер.

Во објава на социјалните мрежи премиерот му ја честиташе матурата на својот син.

-Синко среќна матура и добредојде во новото поглавје преполно со предизвици. Секогаш со свои сили минувај низ сите препреки, нема да е лесно, ќе биде тешко, но сигурен сум дека ќе ги совладуваш. Од Октомври се гледаме на Машински, стои во објавата на Мицкоски.

Инаку Мицкоски е професот на Машинскиот факултет во Скопје, каде професор беше и неговиот татко, па ако синот на премиер навистина се запише таму, тогаш три генерации Мицкоски по ред ќе студираат на тој факултет.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна вестПроменливо облачно и топло, попладне можен пороен дожд
Следна вестПотпишување на Договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство