Сиријци ограбени во кумановско Четирце

Петмина сиријци пријавиле во кумановската полиција дека биле ограбени во околината на село Четирце, соопшти денеска полицијата.

Вчера, во 21.45 часот, случајот го пријавил 21-годишниот М.З.А.Г. од Сирија.

‘Тој пријавил дека околу 18.00 часот во село Четирце, кумановско, тој и уште четири други лица, исто така од Сирија, биле физички нападнати од неколку машки лица кои им одзеле пари и други предмети, соопшти полицијата.

СВР Куманово презема мерки за расчистување на случајот.

Претходна вестПоскапува дизелот, бензините со иста цена
Следна вестРадев ги закажа парламентарните избори во Бугарија за 2 октомври, привремен премиер е Галаб Донев