Сирота фонтана, цели 7 месеци тера кампања, ама…

Уште што ли не се изнаслушавме во кампањата за изборите. Ќе изграделе во Скопје: де подземни сообраќајници, де надземни рајски – зелени градини, де нови сали, де… 

А една скршена – пропадната фонтана на главниот плоштад не ја поправија со месеци. Поточно седум месеци си стои грдата слика на „обележана“ опасност минувач да внимава оти може да пропаднете среде централниот плоштад во Скопје. Обележувањето треба да покаже и дека надлежните биле ажурни? Сирота фонтана и таа тера кампања, ама неа никој не ја слуша.

Што ли се чека за да се поправи? Па за седум месеци Кинезите целосно нови мали градови прават.

Да не ја отвораме темата дека на централниот плоштад „Македонија“ има уште многу фалинки кои останаа непоправени. Скршени клупи, исушени дрвца, незавршени фасади…. За ова никој не кажа ниту збор во кампањата.

Молкот, но и неработењето околу проблемите се единствено разбирливи ако целта е плоштадот „Македонија“ да биде слика и прилика за државата Македонија која исто така е оставена полека да пропаѓа. Или може целта е кинеските туристи да ги натераме да ни ја направат фонтаната додека се тука, за два – три часа.

Претходна вестГолем проблем е трендот на заминување на медицински сестри во странство по подостоинствени услови
Следна вестФинска ја укина обврската за носење маски во јавниот превоз