Сите работат „според закон“, а добиваме хаос

Колумна на Владимир Величковски: 

Излегувам од „мојата“ зграда со до пола направен покрив (упорно работата, а не сработуваат) со канцерогените азбестни табли и се возам со „осмица“ по „Илинденска“. Не фрлам ниту еден поглед на светнатите билборд ликови, како и „шампита“ зградата на Владата, туку здогледувам плакат со наслов – Добре дојде! И тоа кому? На неродено бебе со фотка на штрк до него. Досетливо, но со чувство како да доаѓа од минатото. Која е разликата меѓу хорор филм и хорор стварност? Видовме, меѓу другото, што е црна партиска кампања, особено црна Ковид-19 хроника.

Колку може да биде објективен попис во безаконие и партиски коалициски договоарања? Кој ќе гласа? Секој за „своите“! Каква е таа реална слика за состојбите?! Едни на други си ги бројат и откриваат и најситните грешки и погрешни потези со омраза која е нечовечна во услови кога е најпотребна здружена акција за да се опстане. Јас сум тука, но каде се оние кои ветуваат светла иднина, ама ние да сме ја создале! Во такво безумие некој ни држи школски час за „вештачка интелигенција“?! Некои дури констатираат дека во ова време на криза, се зголемил бројот на случаи на семејно насилство, но луѓето се плашеле и не сакале да пријавуваат. Нормално, кога нема да добијат заштита од ниту една државна институција: сите работат „според закон“а добиваме таков хаос, дивеење и безаконие затоа што прво од главата смрди. Си поставувам прашање: Што може да направи министер антикорупционер (при постоење на антикорупциска) за да ги очисти институции од тешка корупција? Ќе им за закани со прст, ќе ги извади од работа или добродушно ќе ги потапша по рамо за да се подобрат во иднина?!

На радио, покрај тоа што не заморија со повторување дека „култура е процес на растење“ (а не е баш така) и со неколкуте реченици со експресионизмот ни недостасуваше уште повторуваната тема за „мастурбирањето“’! Или, не им е ли доста на младите од „уметност“ како „соработка со странски партнери“, како и релацијата политика – уметност? Колку е трогателно кога ќе прочитате: „Нека светлината од уметникот се одрази врз целата заедница“, а всушност станува збор за фотопортрети на уметници и културни работници залепени на згради на „Рузвелтова“ која порано личеше на нешто. Каква е таа, но и ветувана “култура на јавен простор“? Тоа не го оставрија ни младите муралисти. Меѓутоа, за среќа, постои Скопскиот Џез фестивал со целиот свој сјај, годинава облагороден естетски со изложба на одбрани плакати „Компликувај едноставно“. Може да се видат инвентивни и духовити ликовно-графички решенија, особено од малдите графички дизајнери на големата тема- ликовна уметност и музиката – инструмент, линија и ритам. Доволно е да се потсетиме на големите џез музичари кои гостувале во Скопје, како и на писателот Фицџералд или на сликарот Полок итн.

Претходна вестВечерва во Филхармонија концерт со гости од Европа под наслов „Зимски соништа“
Следна вестЗошто Скопје не успеа да биде чист град и зошто не се запнува да се исчисти?