Скејтбординг натпревар во сабота и недела во Скопје

На 2 и 3 октомври, пред спортската сала „Борис Трајковски“ и скејт паркот во Карпош во Скопје ќе се одржи петтото издание на скејтбординг натпреварот „One More Try“. Мотото на натпреварот оваа година е „Нема да успееме“.

Натпреварот е отворен за скејтери од сите возрасти. Атмосферата ќе биде дополнета со музика, дружба и трикови.

Во сабота, натпреварот почнува со почеток во 14 часот пред спортската сала „Борис Трајковски“, а во недела настанот продолжува во скејт паркот во Карпош.

Претходна вестКој ќе даде кош во Скопје ако нема табла и обрач?
Следна вест„Левица“: Не го признаваме пописот, останаа непопишани 300.000 граѓани кои имаат државјанства