Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава против Н. Љ. (60) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело измама.
Во Министерство за труд и социјална политика тој не пријавил дека мајка му, која била корисник на права на семејна инвалиднина, починала на 22.1.2013, по што во периодот од 1.2.2013 до 6.3.2022 продолжил да ги користи правата.
На тој начин тој му нанел штета на буџетот за сума од 2.410.328 денари.