Скопјанец доби кривична поради коментар на Фејсбук

Поради коментар на Фејсбук 36-годишен скопјанец доби кривична пријава. Како што велат од МВР тој со својот коментар поттикнувал насилство.

– СВР Охрид поднесе кривична пријава против И.С.(36) од Скопје поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем, информираат од полицијата.

Тој, по објавен текст од еден портал поставен на социјалната мрежа „Фејсбук“, постирал коментар со кој промовирал и поттикнувал омраза и насилство.

Претходна вестУште еден наставник фатен со „бело“
Следна вестВо Македонија ќе се формира првиот „Оркестар за џез музика“