Темен режим Режим на светлина

Скопјанец прегазил 22-годишна гевгеличанка на булевар „Митрополит Теодосиј Гологанов“

Дваесет и двегодишна гевгеличанка е тешко повредена откако вчера била прегазена на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“.

-Вчера во 22.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје, патничко возило „тојота ајго“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Р.(27) од Скопје, удрило во Б.М.(22) од Гевгелија. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Б.М., констатирани во Градската општа болница „8 Септември“ , информираат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Митрополитот Дебарско-кичевски Тимотеј е погребан на Плаошник

Следна објава

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници, меѓу нив и малолетно дете