Скопјанец превезувал мигранти од Сирија

Синоќа во 21:30 часот на автопатот Гевгелија-Демир Капија, по тунелот Јаворица, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и граничен премин Богородица го лишиле од слобода А.А.(42) од Скопје, затоа што со возило „фолксваген пасат“, со скопски регистарски ознаки, превезувал двајца мигранти од Сирија.

Претходно, во 20:15 часот на наплатната рампа Смоквица тој со возилото не застанал на знак за запирање даден од полициски службеници, по што со возилото продолжил кон клучката Миравци, се исклучил, па веднаш се вратил на автопатот.

По преземени мерки, во 21:30 часот тој бил запрен и лишен од слобода, а набргу кај клучката Миравци биле пронајдени и мигрантите.

Лицето било приведено во полициска станица, додека мигрантите биле спроведени во Прифатно-транзитниот центар „Винојуг“ во Гевгелија.

По целосно документирање на случајот, во координација со Јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Претходна вестПатничкиот воз од Скопје до Битола вчера патувал 10 часа
Следна вестБензинот и дизелот од полноќ пoевтинуваат за 3 денари