Темен режим Режим на светлина

Скопјанец се заканувал на сосетка, скршил ветробрански стакла на две возила и прозорци на куќа

Полицајци, наставничка и пожарникар осомничени за незаконско посредување за побрзо издавање на лични документи Полицајци, наставничка и пожарникар осомничени за незаконско посредување за побрзо издавање на лични документи

Скопјанец бил приведен поради заканување на сосетка, кршење ветробрански стакла на две возила и прозорци на куќа, информираат денеска од Министерството за внатрешни работи.

– Вчера во 16:30 часот на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од СВР – Скопје го привеле Б.Ј., 36-годишен скопјанец. Тој се сомничи дека околу 14:40 часот со остар предмет се заканувал на неговата сосетка А.С., на возраст од 26 години од Скопје, ги скршил предните ветробрански стакла на нејзиното и уште на едно возило, а со тврд предмет скршил прозорци на соседната куќа, појаснуваат од МВР.

Лицето било пренесено во здравствена установа. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

674 сообраќајни прекршоци во текот на вчерашниот ден на територија на цела држава, 252 за непрописно паркирање

Следна објава

Двајца Македонци загинаа во Италија во сообраќајка