Темно Режим Светло Режим

Скопјанец загина под сопствениот прозор, со мотор го прегазиле на пешачка зона на кеј

Скопјанец загина вчера во страшна сообраќајна несреќа што се случила на кејот на Вардар, во близина на Паркот на франкофонијата, или кај објектот „Жабарот“.

Според очевидци, скопјанецот бил прегазен од мотор кој бегал од полицијата, а стравичната несреќа се случила под прозорецот на станот во зградата во која живеел.

Негов познаник објави статус на Фејсбук во која пишува: „ Го убија со мотор, скап мотор, без таблички, бегајќи од полиција на Кеј 13 Ноември, покрај Паркот на Франкофонијата, каде што секогаш си играат нашите деца, кои беа сведоци на настанот“.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост
ЈП „Водовод и канализација“ најави прекин на вода во Чаир

Без вода булевар „Македонска Косовска Бригада“ и „Балкан Универзитет“

Следниот Пост

ДЗС: Ангелов потпиша договор за ангажман на двата пензионирани пилота