Скопјанец го дал возилото на поправка во јули, си го зел по неколку месеци со полиција

Скопјанец во полицијата пријавил дека уште во јули го дал својот автомобил на поправка, но досега не му бил вратен назад, но мајсторот што ветил дека ќе го поправи возилото постојано наоѓал изговори.

Во полицискиот билтен стои дека Д.С. (51) од с. Бардовци, Скопско, пријавил дека на почетокот на јули со Н. С. се договорил да му го поправи неговото возило, но до денот на пријавувањето Н. С. не му го вратил возилото поправено и секогаш наоѓал разни изговори. Со пријавениот бил извршен разговор, а возилото „опел омега“ било најдено и вратено на сопственикот.

По целосно документирање на случајот, против Н. С. ќе биде поднесена пријава.

Претходна вестПо Народниот правобранител и Наставничкиот пленум реагира: Тешко се држи настава во затворен простор
Следна вестОд ковид почина двегодишно дете – од МЗ велат имало болести и било во згрижувачко семејство