Скопјанец кој дома чувал хероин и куршуми, заврши со лисици

Четириесетиседумгодишниот скопјанец А.Б.заврши со лисици на раце откако полицијата во неговиот дом пронашла хероин и куршум. Ќе одговара за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
-На 08.07.2019 година полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот на ул.„Дримкол“ во Скопје, при што пронашле и одзеле хероин и куршум од непознат калибар. Исто така, на 01.04.2019 година на ул.„Љубљанска“ во Скопје полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле хероин, соопштуваат од СВР Скопје.