Скопјанец шетал со марихуана во центарот на градот

Пронајдена дрога-марихуана вчера била причина за лишување од слобода на 38-годишниот К. М. од Скопје, соопшти полицијата.

Во информацијата се наведува дека кај ова лице дрогата е пронајдена во 18:30 часот на улицата „Димитрие Чуповски“, која што се наоѓа во централното градско подрачје.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, велат од полицијата.

Претходна вестМакедонец меѓу напаѓачите на криминален лидер во Украина
Следна вестСкоро 5.000 лица не го почитувале полицискиот час, затвореноста донесе и многу семејно насилство