Скопјани минуваат улица каде посакаат, возачи не им даваат предност на пешачки….

Возењето низ Скопје секогаш треба да е на штрек. Има многумина кои не почитуваат сообраќајни правила, па ако се сака да се помине без проблем мора многу да се внимава.

Од МВР уверуваат дека и полицијата внимава да биде се во ред. Внимавала – контролирала и вчера при што на територија на град Скопје биле изречени вкупно 180 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 12 санкции, 44 мерки за прекршоци што ги прават пешаците, 12 мерки за возење без возачка дозвола.

Воедно биле изречени 11 мерки за користење на мобилен телефон при возење, седум санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, пет мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), четири санкции за возење под дејство на алкохол, девет мерки за недавање првенство на минување на пешаци, шест санкции за некористење сигурносен појас.

Ќе има ли ова ефект во намалување на сообраќајната некултура во градот? Пешаците во сето тоа се посебна приказна, иако и возачите не заостануваат со недавање на предност на оние кои се движат по улиците.

Ова мора да се смени – пречесто има сериозни последици.

Претходна вестСончево и топло до 29 степени
Следна вестКимет Фетаху: Нема никаков проблем, јас како Македонец да бидам претседател на Албанија