Скопјани пробиле картички на двајца струмичани – потрошиле 90.000 денари, сега ќе одговараат

СВР Струмица поднесе кривична пријава против Г.С.(27) и С.П.(29) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“ и „злоупотреба на лични податоци“.

Како што соопштија денеска од МВР, во текот на вчерашниот ден, пријавените прибавиле платежни картички и лични карти на Н.Н. и В.Н. од Струмица, по што извршиле нелегални трансакции со платежна картичка во сопственост на Н.Н. на повеќе продажни места во Струмица.

На овој начин, се стекнале со противправна имотна корист во висина од 90.000 денари.

Претходна вестПолицаец повреден од струен удар од семафор
Следна вестНародниот правобранител бара МОН да ги слушне родителите и децата кои се противат на дигитализацијата