Во Скопје на секој чекор има мали диви депонии: преполни контејнери и расфрлано ѓубре околу нив. Комунална хигиена како да не постои во последните два – три месеца. Тук-таму по некој камион ќе испразни дел од контејнерите.
Реагираат градоначалниците од скопските општини и самите се организираат како да го собираат сметот.
Вчера реагираше и Владата со налог до МВР и останатите надлежни институции да „проверат” што се случува со скопското комунално претпијатије.
Вчера по подолг молк се јави и градоначалничката Арсовска покажувајќи со прст кон Владата за неисплатени средства, а при тоа заборави дека собирањето на сметот е обврска на претпијатието под нејзина надлежност.
Скопјани се почесто го поставуваат и прашањето: Треба ли да плаќаат за ѓубрарина, за услуга што не се испорачува? Преку социјалните мрежи некои и конкретно бараат корекции на сметките за последните два месеци.



