На 14.08.2024 во 09.31 часот во СВР Скопје, 87 – годишна жена од Скопје пријавила дека била измамена од едно лице за сума од околу 280.000 денари. Според пријавеното, лицето ја контактирало телефонски и ѝ кажало дека нејзината ќерка предизвикала сообраќајна несреќа со смртни последици и дека е потребно да плати за да биде ослободена.
Како што е пријавено, таа ги подигнала парите од банка и од тераса му го фрлила пликот со пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.