Скопјанка пронајдена почината во својот дом

Скопјанка е пронајдена мртва во својот дом во Кисела Вода, соопшти полицијата.

МВР информира дека на 29.9.2022, во 8.30 часот, во Полициската станица Кисела Вода било пријавено дека во сопствениот дом била пронајдена почината И. М. (30) од Скопје.

-Смрт без видливи траги на насилство констатирал лекар од итната медицинска помош, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција, соопшти полицијата.

Претходна вестЕдинаесет возачи возеле пијани, деветмина поминалне на црвено светло…
Следна вестАлбанската Влада ја одложи одлуката за поскапа струја за домаќинства што трошат повеќе