Скопјанка тешко повредена, со електричен тротинет се судри со мотоцикл

Двајца скопјани се повредени при сообраќајка меѓу мотоцикл и електричен тротинет, соопшти денеска полицијата.

МВР информира дека пријавата за незгодата на подрачјето на Центар ја добиле вчера.

-На 17.06.2024 во 21.10 во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Блаже Конески“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „Пиаџо“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Н.Т.(45) и електричен тротинет управуван од И.А.(38), двајцата од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила И.А., додека Н.Т.  се здобил со телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ – Скопје, соопштија  од полицијата.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Претходна вестТригодишно тешко подвижно дете со церебрална парализа избркано од скопска игротека
Следна вестОпштина Карпош: Обвинителството и МВР да упаднат во дивата населба во Злокуќани