Скопје доби нови ветувања: Ќе добие четири нови скверови

Во рамките на големиот проект за ревитализација и редизајн на зелени јавни површини во градот, наредниов период во Скопје ќе започне изведбата на 4 нови модерни зелени површини – скверови. Новите скверови ќе се прават на: помеѓу бул. „Илинден“ и ул. „Никола Тесла“ во Карпош, на површина од 1470 квадратни метри, пред и амбуланта „Млин Балкан“ во Центар, на површина од 585 квадратни метри, помеѓу бул. „Јане Сандански“ и улицата „23 Октомври“ пред Рамстор и Стопанска банка во Аеродром, на површина од 2.000 квадратни метри и на бул. „Јане Сандански“ пред слаткарницата „Палма“ во Аеродром, на површина од 1.068 квадратни метри.

-Проектот се реализира изминативе две години од Градот Скопје и Центарот за иновации на град Скопје. Ревитализацијата на старите и запуштени јавните површини ќе продолжи и во наредниот период на повеќе локации низ градот, инфорамираа денеска од Градот Скопје.

Со ова граѓаните добија ново ветување за проекти кои ќе бидат направени во иднина. Дали тоа и ќе се оствари останува да се види бидејќи и за повеќе други проекти беше гарантирано дека „ќе бидат направени“, па…

Претходна вестЗаврши ли расправата околу одговорноста, само народот ли е виновен?
Следна вестДивата депонија кај Визбегово и натаму чади, со пожари ли ќе се исчисти?