Темен режим Режим на светлина

Скопје домаќин на лидерската средба ЕУ – Западен Балкан

Еврокомесарката за проширување, Марта Кос, денес и утре ќе ја посети нашата држава.

За време на нејзиниот престој, таа ќе оствари средба со премиерот Христијан Мицкоски, а исто така ќе учествува и на лидерскиот состанок ЕУ – Западен Балкан, кој во текот на следните два дена ќе се одржи во Скопје, а на кој ќе се дискутира за Планот за раст.

За денес попладне е закажана тет-а-тет средба на еврокомесарката Кос со премиерот Мицкоски, по што ќе следи и билатерална средба со останатите делегации.

На лидерската средба е најавено присуство на лидерите од Западен Балкан, како и на министри, високи претставници од Европската унија, регионални организации и меѓународни институции.

Утре, во склоп на лидерската средба, ќе се одржат два панели, од кои првиот ќе биде посветен на Планот за раст на Западен Балкан, а на него ќе се обратат премиерот Мицкоски и еврокомесарката за проширување, по што ќе следи заедничка прес-конференција.

Вториот панел ќе биде посветен на конкретните механизми и поддршка за имплементација на Планот за раст.

Посетата на еврокомесарката за проширување на нашата земја беше најавена минатата недела од страна на Европската комисија, која соопшти дека Кос доаѓа во Скопје на состанок со лидерите од Западен Балкан за Планот за раст и дека, покрај премиерот Мицкоски, на средбата ќе присуствуваат и лидерите на Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија и Црна Гора.

Поради одржувањето на лидерската средба, овие два дена во Скопје ќе биде воведен посебен сообраќаен режим во поширокото централно градско подрачје.

Од Министерството за внатрешни работи апелираат до учесниците во сообраќајот „да ги почитуваат наредбите на полициските службеници“.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Сончев ден со свежо утро, следува период на стабилно време

Времето денес сончево со умерен ветер

Следна објава

Дарко Ѓукиќ е нов играч на ГРК Охрид