Скопје: Глушец каснал 10-годишно дете среде игралиште во Капиштец

35

На детско игралиште во скопската населба Капиштец 10-годишно дете било каснато од глушец додека си играло со други деца, објави телевизија Сител. Инцидентот, кој резултирал со раскрвавена рака кај детето, се случува во време кога Скопје се соочува со голема криза со отпадот, а јавното претпријатие „Комунална хигиена“ е под истрага.

Во врска со случајот, градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, изјави дека во соработка со Институтот за јавно здравје Скопје веќе пет дена се спроведува вонредна есенска дератизација, со која се опфатени 1.980 шахти.

Акцијата има за цел уништување на штетни глодари и превенција од заразни болести, како дел од мерките за заштита на здравјето на жителите. Препаратот што се користи е сертифициран од овластен производител и безбеден за другите животински видови.

Герасимовски нагласи дека во услови на хаос во градот во однос на јавната хигиена, оваа акција е важен чекор за спречување на потенцијални извори на болести.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна вест(Видео) Промовиран документарецот за кошаркарскиот клуб „Работнички“
Следна вест(Видео) Да го славиме вечно: Честит ден на македонската револуционерна борба