Скопје одбележува 62 години од катастрофалниот земјотрес

62

Скопје денеска ја одбележува 62. годишнина од катастрофалниот земјотрес што се случи на 26 јули 1963 година. Во земјотресот животот го загубија 1.070 лица, а 3.000 беа повредени.

Архивска фотографија направена неколку дена по катастрофалниот земјотрес во Скопје во 1963 година. На неа се гледа разурнатата Железничка станица и луѓе кои седат на отворено со дел од својата покуќнина.
Катастрофалниот земјотрес во Скопје се случи на 26 јули 1963 година, во пет часот и 17 минути.

Скопје пред точно 62 години беше погоден од катастрофален земјотрес во кој животот го загубија 1.070 лица, а околу 3.000 беа повредени.

Во знак на почит и сеќавање на жртвите во катастрофалниот земјотрес, делегации од Собранието и од Градот Скопје положија цвеќе пред Споменикот на загинатите во земјотресот на градските гробишта Бутел.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска на Фејсбук напиша дека земјотресот е потсетник дека животот може да се промени за миг. Премиерот нагласува дека солидарноста и заедништвото се темел за обновата на градот и дека денес „се сеќаваме не само на болката, туку и на светлината што ја донесоа луѓето од светот“:

„Земјотресот нѐ потсети дека животот може да се промени за миг. Но и дека во најтешките моменти токму солидарноста, човечноста и заедништвото се темелот врз кој можеме повторно да го изградиме градот. Скопје е денес симбол на истрајноста и солидарноста!“, пишува меѓу другото Мицкоски.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна вестЦУК: Во Македонија денеска активни се 29 пожари
Следна вестЛишени од слобода две лица на ГП „Табановце“ поради фалсификување исправа