Скопје пак меѓу најзагадените градови во светот, утринава на 7 место

Македонската метропола утринава одново е меѓу најзагадените престолнини во светот. Според листата којашто ја објавува веб-страницата www.iqair.com/world-air-quality-ranking, Скопје во 9 часот утринава било на седмо место според степенот на загаденоста на воздухот. Страницата објавува податок дека воздухот е „нездрав“ и дека има индекс на загаденост од 172. Најприсутни се честичките ПМ 2,5 – 96,9 микрограми на кубен метар а има и НО2 и СО2.

Во светот утринава најзагаден град е Лахоре во Пакистан со индекс на загаденоист 223.

Греење на дрва на домаќинства, градежна прашина но и интензивниот сообраќај се главни причини за загаденоста на воздухот. Скопје и неодамна беше во врвот на загаденоста. Но и тогаш, градските власти не пoсегнаа по некои мерки за да се ублажат последиците на загадувањето.

Претходна вестКазни за 149 возачи во Скопје, 13 биле пијани…
Следна вестМомчето пронајдено во реката Пена можеби било убиено, приведена 17 – годишна девојка