Општина Петровец денеска информира дека започнало поставување канализациска мрежа во должина од 450 метри на улица „5“ и крак на улицата во населеното место Петровец.
Според соопштението од Општината, проектот ќе се спроведува од 20 до 25 дена, а ќе чини 1.500.000 денари, пари од буџетот на општината.
Вакви и слични градежни активности ќе продолжат и во наредниот период во сите населени места на територијата на Општина Петровец, најавуваат од ова општина.
Општината Петровец е оддалечена од Скопје околу 15 километри, но според денешната информација во однос на инфраструктура заостанува неколку века – во 21 век оваа општина се уште има места каде нема канализациска мрежа. А само пред две и пол години (септември 2018), градските власти на главниот град ја објавија одлуката за номинација на Скопје за титулата на Европската комисија „Европска престолнина на културата“ за 2028.
Инаку, и во самото Скопје има места без канализација, но за нив во друга прилика.