Скопје и натаму е најголемото жариште на корона вирусот во Македонија, а вчера стаса до 4.862 активни слуачеви, речиси половина до сите во земјава. Речиси секој шести од нив отпаѓа на општина Аеродром во која бројот на инфцираните сега изнесува 847 што е значително повеќе во однос на останати скопски општини.
По Аеродром следуваат Карпош со 708 и Центар со 643 активни случаи додека во гази Баба има 639, во Центар 643 а во Кисела Вода 623.
Помалку случаеви има во Ѓорче Петров 398, во чаир – 259 , Бутел 252, Шуто Оризари – 52 и во Сарај – 36.
Во општините на поширокото скопско подрачје во Студеничани има 21 инфициран, Арачиново – 10, Илинден – 111, Сопиште – 44, Чучер Сандево – 28, Петровец –37 и Зелениково -16.