Скопје утрово е 5-ти најзагаден град во светот

И ова утро загадениот воздух го поклопи Скопје. Утринава македонската мертопола е петти најзагаден град во светот, според списокот на IQair, Скопје е во друштво на Лакоре во Пакистан, Акра во Гана, Њу Делхи во Индија, додека на првото место е градот Бишкек во Киргистан.

Скопје со своите 190 микрограми ПМ честички на метар кубен е ставен во категоријата загадување „штетно по здравјето“, додека првите три градови на листата се со индекс „многу штетно по здравјето“.

Инаку, вчера Владата согласно информацијата на Министерството за животна средина и просторно планирање за надминување на прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри (надминување на вредноста од 150 микрограми на метар кубен во текот на два последователни денови) на мерните места во Скопје – Центар и Лисиче, Кичево, Кавадарци и Струмица извести дека стапуваат на сила препораките и мерките за надминување на праг на алармирање за Градот Скопје, Кичево, Кавадарци и Струмица.

Претходна вестМицкоски со честитка до католичките верници по повод Божиќ
Следна вестКовачки: Ковачевски знаел дека Зарко Милошевски е потписник на проверката за Онишченко