Скопски пожарникари извадија безживотно тело на жена од Пчиња

Безживотно тело на жена од реката Пчиња кај Катланово извадија вчера скопски пожарникари.

Како што информираат од полицијата, телото било пронајдено вчера под мостот во Катланово, во непосредна близина на црквата „Св.Недела“.

-Непристапноста и сложениот терен ја отежнуваа работата, но на крајот безживотното тело од реката беше извадено, соопштија од скопската пожарна.

По наредба на Јавен обвинител телото било дадено на обдукација.

Претходна вестОдрон на земја усмрти работник при ископ на канализација
Следна вестМицкоски: Пендаровски брутално ја злоупотреби позицијата, ги замрзнуваме односите со него