Скопските топлани не смеат да користат дизел гориво, немале дозвола ниту побарале

Топланите во Скопје нема да смеат да го кристат дизел-гориво за испорака на топлинска енергија со домовите на граѓаните. Ова од причина што дозволите коишто ја имаат топланите Исток и Запад предвидуваат тие да работат на гас, а алтернативно можат да користат мазут но само во краток период во услови на недостиг на гас.

Од Министерството за животна средина и просторно планирање објаснуваат дека топланите досега не побарале дозвола да користат дизел за загревање. Од ЕСМ, пак, досега неколку пати најавуваа дека во услови на евентуален недостиг на гас се подготвуваат топланите да се загреваат и на мазути или на дизел-горивото.

Согласно законската регулатива топланите што работат согласно А-Интегрираните еколошки дозволи (АИД) издадени од Министерството за животна средина и просторно планирање предвидено е да користат гас како гориво.

Министерот Насер Нуредини во телефонски разговор за Сител ја потврди ваквата информација и рече дека иако досега нема барање од топланите, тоа нема да биде дозволено.

– Топланите имаат добиено еколошки дозволи од нашето Министертство, но тие се само за користење на гас. Законот е јасен, доколку се бара дозвола за користење на друго гориво, постапката трае 90 дена, но користењето на дизелот не е предвидено во таквата дозвола. Најеколошки е ако се користи гас за топлинска енергија, рече Нуредини.

Претходна вестЗагина Македонец на Малта, акција за враќањето на телото во татковината
Следна вестСирото образование, пак му се навртеа да го реформираат