Скопските возачи грешат и кога се престројуваат, казнети десет лица

Брзото возење, поминување на црвено светло, зборување на мобилен телефон… не се единствени прекршоци што ги прават скопските возачи. Прекршување на прописите се прават и кога се работи за престојување на возилата. Тоа го покажува и извештајот за возачите кои биле казнети при вчерашните контроли кога ваквата санкција била изречена на десет возачи.

-На територија на град Скопје изречени се вкупно 112 мерки, се наведува во полицискиот извештај.

Меѓу нив за возење повеќе од дозволената брзина имало 21 санкција, осум мерки за возење без возачка дозвола, но и две мерки за користење мобилен телефон при возење, две санкции за управување под дејство на алкохол, осум мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло)…

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

-Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, укажуваат од МВР.

 

Претходна вестДефиле на велосипедисти и мотоциклисти во Скопје
Следна вестПортугалија усвои закон за евтаназија