Скулпторите се под маска постојано: анти-падемиска поддршка „100 земји, 100 маски“

Покрај докторите оние кои носат маски за цело време додека работат се и професионалните скулптори, кои постојано имаат покриено лице за да се заштитат од прашината.

„100 земји, 100 маски“ е иницијативата на 100 визуелни уметници од исто толку земји кои ја покажуваат својата анти-пандемиска поддршка. Сашо Саздовски е македонскиот скулптор кој нас не претставува.

-Развојот на нашата цивилизација несомнено ќе се промени, светот каков што го знаевме повеќе нема да биде ист. Вообичаено уметниците ја креираат својата уметност поттикнати од многу различни прашања, создавајќи револуција со делата. Но, уметниците секогаш наоѓаат инспирација и дејствуваат, дури и во состојба на криза. Уметникот како индивидуален креатор е секогаш во своевидна самостојност. Важно е да не го изгуби ритамот на работа и креативноста. Иако моментално паузирам во креирање на монументални дела, јас продолжувам со работа во моето студио, вели Саздовски.