Следел жена од Делчево, па и се заканувал преку интернет, кривична против 32-годишник

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против 32-годишниот Н.И. од село Косевица, општина Македонска Kаменица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „демнење“, извести МВР.

-На 15.01.2024 во Делчево, пријавениот следел жена од Делчево, додека на 30.12.2023 тој ѝ напишал порака на социјалните мрежи со вулгарна и заканувачка содржина и телефонски ја вознемирувал, соопшти МВР.

Претходна вестПремиерот Џафери за утре ја закажа првата седница на новоизбраната Влада
Следна вестВо Германија регистриран рекорден број на фалсификувани евра