Следува многу топло време со високо УВ-зрачење

Времето утре ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен претежно северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 32 до 39 степени. УВ=9

Во Скопје сончево и топло со слаб северен веетр. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 37 степени.

Под влијание на многу топла воздушна маса до петок ќе преовладува сончево и многу топло време. Максималните температури насекаде ќе бидат над 30 степени, а во југоисточните делови од земјава ќе достигнат и до 40 степени.

В петок и особено в сабота претежно во попладневните часови ќе има зголемена облачност и услови за локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи.

Претходна вестШилегов ја жртвува Универзална за 50 висококатници – обвинува Трајановски
Следна вестХристијан Мицкоски се огласи за нападите од поранешните функционери од ВМРО-ДПМНЕ: Тој терет сега му припаѓа на Заев, со среќа нека му е