Словенечки репрезентативец е првото засилување за Еурофарм Пелистер

Ракометниот шампион на Македонија, Еурофарм Пелистер, три дена по завршувањето на сезоната, ги започна подготвките за сезоната 2023/24. „Зелените“ го договорија првото
Во Битола доаѓа Словенецот, Нејц Цехте, кој потпиша договор на една сезона, со опција истиот да биде продолжен на уште една година.

Интересно, Цехте, минатото лето потпиша договор со најголемиот ривал на Еурофарм Пелистер, екипата на Вардар 1961, но откако црвено-црните беа исфрлени од Лигата на шампионите, го раскина договорот и се пресели во дански ГОГ Гудме. .

Цехте, на позицијата десен бек ќе го замени Усама Хосни, кој потпиша за Ал Араби од Кувајт.

Цехте е стандарден словенечки репрезентативец, има 52 настапи за својата селекција, вклучувајќи и Европско и Светско првенство. 195. сантиметри високиот Нејц Цехте потекнува од ракометно семејство, бидејќи и неговиот брат Клемен Цехте беше професионален ракометар и словенечки репрезентативец.

Цехте се афирмира во дресот на Горење Велење, клуб со кој стана шампион на Словенија и играше во Лигата на шампионите. Во 2018 година се пресели во Ханивер. Четири години играше во Хановер, а минатото лето направи трансфер во ГОГ Гудме.

Во Пелистер го чека колегата од репрезентацијата Урбан Лесјак, со кого Цехте играше во Хановер.
Претставувањето на Цехте, клубот го најави кон средината на јули, на почетокот на подготовките на екипата за сезоната 2023/24.

Битолскиот клуб претходно на оваа позиција го доведе Павле Петровиќ од Еурофарм Пелистер 2.

Претходна вестТешка несреќа кај Јосифово: Загина возач кој со автомобил излета од патот
Следна вестОлово, кадмиум и арсен се пронајдени во домат и крставица, предупредува Трипуновски