Темно Режим Светло Режим

Словенија ја надигра Македонија во Скопје

Македонските ракометари направија голем чекор наназад кон пласман на Европското првенство. Словенечките репрезентативци на гости во Скопје ја совладаа македонската репрезентација со 32:26 и се зацврстија на првото место во групата 1 со максимални шест бода, додека нашите останаа на два и моментално се на третата позиција, зад Литванија која собра четири.

Македонските ракометари водеа по првото полувреме со 16:15, но во вториот дел многу подобра беше Словенија која го доби со 17:10 и на крајот победи со убедливи 32:26.

Фантастична партија одигра словенечкиот дефанзивец Алекс Влах, кој постигна 10 гола, а исто толку за домашниот тим постигна и Филип Кузмановски.

Македонија: Митревски (7 одбрани), Кизиќ (1); Велковски 1 (голови), Ц.Кузмановски 1, Ѓоргиев, Митев 5, Карасманакис, Ф.Кузмановски 10 (2), Костески 2, Пешевски 4, Јагуриновски, Лазаревски, Џонов 2, Стојковиќ, Серафимов 1 (1), Атанасијевиќ.

Словенија: Базник (13 одбрани), Лесјак (0); Благотиншек 4, Б. Јанц 7, Маргуч, Тајник, Јовичич Слатинек, Кодрин 3, Хоржен 4, Чокан, Мливиќ 1, Макуц 2, Грошељ 1, А. Кавчич, Влах 10 (1), Сухолезник;

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Трамп ја предупреди Москва со санкции доколку не го прифати 30-дневниот прекин на огнот во Украина

Следниот Пост

Собранието на Република Српска донесе одлука за пристапување кон носење нов Устав