Словенија планира самит ЕУ-Западен Балкан во септември, но има ли волја од Брисел?

За време на нејзиното претседателство со ЕУ во втората половина на годината, Словенија планира да биде домаќин на самит ЕУ-Западен Балкан.

Во тек е координацијата меѓу Брисел и Љубљана, а роковите се уште не се усогласени, објави денеска словенечко „Дело“.

Според планот на словенечката Влада, еден ден пред самитот ЕУ-Западен Балкан, Словенија треба да биде и домаќин на неформален самит на лидерите на земјите-членки, посветен на отпорноста на Унијата кон кризата.

Сепак, реализацијата на овие два настани е „сè уште лебди е во воздух“, а терминот – средина на септември – предложен од владата на премиерот Јанез Јанша е спорен, пишува словенечкиот весник повикувајќи се на неофицијални извори во Брисел.

Тешкотиите во организирањето на овие средби „во живо“ во Словенија не се предизвикани само од непредвидливоста на пандемијата, туку и  поради тоа што дипломати во Брисел не се за терминот во септември и го наведуваат ноември како друг можен термин, само кога ќе „има што да се покаже“ во врска со проширувањето на ЕУ на Балканот, што сега не е случај, пишува „Дело“.

Претходна вестЗарем на Водно ќе се садат само згради, а за дрвца ќе се чекаат други времиња?
Следна вест(ФОТО) Филипче на Фејсбук ги покажа фрижидерите за вакцините