Слушнаа ли Маричиќ и Ковачевски дека повеќето граѓани се против менувањето на Уставот?

„Време е да го менуваме Уставот“; „Уште неколку пратеници ни фалат, ама силно работиме за промена на Уставот“, „Важно е да се отвори Уставот“… сето ова како рефрени го слушаат македонските граѓани во изминативе месеци. Го кажуваат најчесто премиерот Димитар Ковачевски, министерот за надворешни работи Бујар Османи, а посебно вицепремеиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ.

-Од нас зависи дали ќе почнеме отворање на поглавја со исполнување на условот за уставни промени, изјавува во скоро секоја пригода Маричиќ.

Но, дали при вицепремиерот и неговите колеги кои во хор ја пеат песната за промена на Уставот водат сметка за тоа што мислат граѓаните околу сето тоа? Вчера објавената анкета на Институтот за демократија и Фондацијата „Конрад Аденауер“ покажа дека скоро две третини од граѓаните се против таквите уставни измени. Односно, 65 отсто од населението не прифаќа уцени. Таков став имало убедливо мнозинство од 80 проценти на етнички Македонци кои биле опфатени со анкетата.

Бројките вриштат. Ги слушаат и гледаат ли во Владата?

Ова е уште поубедлив резултат од декемвриската анкета на Меѓународниот републикански институт (ИРИ) кога 56 проценти од анкетираните одговориле дека не го одобруваат внесувањето на Бугарите во Устав, а само 35 биле за тоа. Значи, граѓаните стануваат уште покатегорични во своето противење.

Што ќе прави Маричиќ и останатите? Во преден план ќе им се математичките (а и други) комбинации околу тоа дали ќе се собере пратеничко двотретинско мнозинство за изгласување на ваквата уставна промена или ќе ја спуштат топката и ќе гледаат како да се уважи и гласот на народот во Македонија, а не само барањата на странците?

Претходна вестМинистерот Шаќири: Одлуката за онлајн настава не е лесна, не добиваат сите училишта закани
Следна вестЗатвореник додека бил во бегство од затвор ограбил 6 цркви