„Слушни! Доаѓа Новата…“ – предновогодишен концерт на Филхармонија

На 27 декември во 20 часот публиката ќе може да ужива во новогодишниот концерт насловен „Слушни! Доаѓа Новата…“. Задолжен е ансамблот „Јаношка“ од Австрија, а диригентската палка е во рацете на маестро Борјан Цанев.

Во МОБ пак, по повод новогодишните празници ќе има четири изведби на балетот „Оревокршачка“ од Чајковски, додека на 12 и 13 јануари најавуваат и Василичарски концерт со групата “Legends”, овој пат со нов симфониски аранжман на култни песни на музички легенди.