Темен режим Режим на светлина

Службена победа за Работнички со Гостивар, ќе следат уште казни

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) го регистрира мечот меѓу Гостивар и Работнички со службен резулат за гостинот, заради скандалозниот потег на гостиварчани.

Незадоволни од арбитражата, домашните играчи се повлекоа во 85. минута од теренот откако примија гол за 1-2. Сепак, тоа скапо ги чинеше, затоа што службено загубија од Работнички и воедно ги загубија шансите кои ги имаа за Европа.

Гостивар е предаден на Дисциплинска комисија, за клубот ќе следат нови санкции, а се очекуваат казни и за иницјаторите на напуштањето на теренот.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Средба на лидерите на ВЛЕН во Скопје

Следна објава
Полицијата одзеде три возила во контроли во Велес

Со возило удрил полициски службеник, кривична за маж од Гостивар